(ФОТО) Петров: Победуваме уште во првиот круг

Од:

Кандидатот од редовите на Сојузот за иднината за градоначалник на општина Карпош, Андреј Петров, кампањата ја започна најавувајќи сигурна победа на здружената опозиција уште во првиот круг.

Тој рече дека во трката за градоначалник за Карпош има еден српски радикален противкандидат, како и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. За своите партиски надлежности како секретар, Петров рече дека ингеренциите му ги предал на координаторот на пратеничката група на СДСМ, Игор Ивановски, а до среда, нагласи тој, ќе бидат соопштени сите кандидати за градоначалници во сите општини.

Петров денеска, како што налага православната традиција пред почеток на нова работа, за среќа и бериќет запали свеќа во црквата „Свети Пантелејмон“ во скопската населба Нерези, а на иконата остави 1.000 денари.

Со цел респект на мојот кандидат Јагнула Куновска на нејзината возраст и како дама, сепак мислам дека на Карпош му треба млада и докажана личност да го води во следниот период. Во име на СДСМ и здружената опозиција, ги повикувам сите граѓани на Карпош, заедно да победиме уште во првиот круг – рече Петров.

Во политичката битка за Карпош, вели тој, со ВМРО-ДПМНЕ се супериорни, но во овој период, со една позитивна кампања ќе успее да победи.

ФОТО: Плусинфо