ФОТО: Паднато дрво блокира сообраќај во Аеродром

Од:

Невреме со силен ветер го зафати Скопје денеска што предизвика доста материјална штета низ градот. Поројните дождови ги поплавија улиците, а силниот ветер откорна неколку дрвја низ градот.

Во населбата Острово во општина Аеродром, ветерот откорна едно дрво.

Тоа падна на дел од коловозот, поради што сообраќајот се одвиваше отежнато.