ФОТО: Откорнат лимен кров заврши на дрво

Од:

Невремето проследено со силен ветер и град кое што го зафати Скопје претпладнево предизвика штети низ главниот град.

Освен поплавените улици и скршени и откорнати дрва, ветерот оштети и кров во Аеродром. Дел од лимениот кров откорнат од зграда заврши меѓу гранките на дрвјата.

Од УХМР информираат дека ветерот достигнува повремено брзина и над 80 киломери на час.

Нестабилното време се движи од запад кон исток и на север. Во поладневните часови ќе се преместуваат кон исток. Попладне процесите ќе бидат поинтензивни и локално ќе има пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.