Осум повредени од кои четворица потешко, е епилогот на сообраќајната несреќа што се случи во четвртокот попладне на Магистралниот пат Кочани-Штип во непосредна близина на клучката кај село Чешиново, пренесе Комарец.
Од полициски извори дознаваме дека во сообраќајката учествувале три возила од кои едното се движело кон Кочани, а останатите две во правец на Штип. Инцидентот настанал при разминување на возилата по кој осум лица се повредени од кои четири се здобиле со потешки телесни повреди кои веднаш биле префрлени во „Медицински Центар“ – Кочани, од каде поради сериозноста на повредите истите се префрлени во „Клиничка Болница“ во Штип.
На местото на несреќата излезени се полициски екипи како и Јавниот Обвинител од Кочани кои извршиле увид.
Поради обемноста на сообраќајката, Магистралниот пат Кочани-Штип беше во прекин околу 5 часа.