ФОТО: Огромен објект никна кај Св. Богородица Заумска

Од:

Кај црквата Св. Богородица Заумска, на брегот на Охридското Езеро, во близина на селото Трпејца се гради огромен објект. Пред црквата е изграден објект на два ката кој целосно ќе го затвори просторот каде што секое лето традиционално доаѓаа кампери.

Објектот го гради МПЦ и според информациите сето тоа е по легален пат. Според извори на населението во селото Трпејца, владиката Тимотеј неколку пати остварил средби со нив и тие ја поддржуваат изградбата на овој објект.

11020926_534626496678156_683972696_n

Сепак, по социјалните мрежи, гневни на изградбата на овој објект се оние кои секоја година традиционално кампуваа на ова познато место. Тие велат дека единственото место кое не било окупирано со бетонски градби било токму Заум, но со изградбата на објектот и тоа се уништило.

Засега не е познато за што ќе служи овој објект и каква е потребата за изградба на истиот на ова место.

11012314_534626356678170_268221508_n

Ф.Ј.