ФОТО: Се урна дел од браната на Слатинско езеро

Од:

[staff name=”Мики Трајковски” position=”Автор”][/staff]

Поголемиот дел од земјишната брана на Слатинското езеро попушти и се урнал, а големи количини вода започнаа да се излеваат по полето и околните патишта дознава А1. Оваа информција ја потврди и Радован Димитриевски од СРК Свети Апостол Петар од Охрид.

slatino brana (3)

Според луѓето на теренот, станува опасно движењето по околните патишта околу езерото и отежнат е пристапот до браната заради силниот налет на водата. Жители од долниот дел на селото се евакуирани, во делот каде нема опасност од поплавување, а евакуирана била и целата стока.

slatino brana (2)

Екипа од деветина професионални нуркачи попладнецо успеале да го ослободат само помошниот вентил кој служи за регулирање на водата за наводнување додека главниот вентил не успеале да го отворат бидејки бил заглавен и затрупан. Во меѓувреме, водата ја рони земјата и ги проширува се повеќе пукнатините.