34 годишната Наташа од Крива Паланка, живее буквално цели три години во пекол.
Таа била во кратка врска со Б.С. познат како Зверот од Крива Паланка и од кога раскинале таа не видела бел ден. Од ќотекот кој го добивала има сериозни психички пореметувања, не може да спие, има трајно оштетување на ушните тапанчиња за што има и целосна медицинска документација.
До сега го има пријавувано повеќе пати но под присила и закана дека ќе ја убие неа и нејзиното семејство ги повлекувала своите пријави со надеж дека ќе престане да ја малтретира, едноставно немала никаква заштита.
Наташа последно добила ќотек пред сопственото дете кое има само седум години, и кога решила да оди до крај и да си ја истера правдата го пријавила во полицијата, но по неколку денови добила таа пријава за лажно пријавување. Наташа видно вознемирена, за Револуционер.МК изјави:
„Живеам во пекол и затвор без пресуда, без никаква вина.Сакам да имам слобода.Во полициската станица наместо да ме заштитат ми рекоа подобро седи дома за да не добиеш повторно ќотек.Затворена сум дома , кога имам некоја потреба со мене иде татко ми, ако излезам сама знам дека ќе добијам повторно ќотек”.
ПС Крива Паланка поднесе кривична пријава против Б.С. познат како Зверот од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 07.05.2014 година, во Крива Паланка пријавениот излегол од возило и физички ја нападнал Н.В.(34), а потоа се обидел насилно да ја земе со него. Најпрво јадела ќотек, па потоа насилникот и се заканувал со домашно видео(порно) кое што било снимено без нејзина согласност и знаење за на седми и осми овој месец после пријавувањето на Наташа во ПС Крива Паланка повторно да биде тепана. Наташа прашува каде е министерката Јанкуловска, каде е правната држава во Македонија, кој ќе и помогне?