Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, пристигна на распит во Кривичниот суд, каде што ќе даде исказ за случувањата во Собранието на 27 април.
Тој рече дека според него нема правна основа за одредување мерка притвор.
Мукоски е обвинет од страна на Јавното Обвинителство, дека ги отворил вратите од Собранието, со што и помогнал на толпата граѓани да влезе внатре.
По исказот на 6-те осомничени пратеници, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Сашо Василевски, Крсто Муковски, Љубен Арнаудов и Љупчо Димовски, Судот ќе решава дали ќе им одреди мерка притвор.
Шестемина пратеници се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.
Виктор Јованов


