ФОТО: Моторџија тешко повреден во сообраќајка во Тафталиџе

Од:

Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајка што се случи пред половина час кај трговскиот центар „Олимпико“ во Тафталиџе.

Според првичните информации, две лица на мотоцикли се обиделе да избегнат пешак. Едниот од нив успеал да го избегне пешакот, додека вториот во обид да го избегне пешакот удрил во тротоар и летал триесетина метри, пишува Република.

Според тврдењата на очевидци, пешакот не поминувал на пешачки премин.

Брза помош веднаш пристигнала на местото на настанот, а во тек е увид на полицијата.