Млади херои вчера спасиле жена, на која и се слошило додека сама пешачела во населбата Ново Лисиче.
Таа паднала, а случајните минувачи кои се затекнале на местото веднаш притрчале на помош.
Тие ја реанимирале жената и освен што веднаш повикале брза помош, тие ја одржувале свесна и будна се додека не пристигнале лекарите, пишува порталот МК Њуз.
Информацијата и фотографиите до редакцијата на МК Њуз им ги испратил читател, кој бил очевидец на настанот.
Дека хероите се секаде меѓу нас, а не само на големите екрани и во стриповите, говори и вчерашната случка во скопско Ново Лисиче. Откако на една госпоѓа и се слоши на сред бел ден, жителите на оваа населба, несебично поитаа да и помогнат. Оставајќи ги своите секојдневни обврски, тие не престанаа во своите обиди да и помогнат на жената, а тоа го правеа се додека не пристигна и брзата помош. Како сведок на оваа случка, можам да кажам дека истата длабоко ме трогна, во ова време на хаос и поделеност, и како сведоци на секојдневни насилства, грабежи и немили настани, еден ваков потег потврдува дека хуманоста е присутна во сите нас, и кога највеќе треба истата испливува на површина. Овие луѓе се нашите херои, а не политичарите или старлетите, напишал очевидецот.