ФОТО: Матурантите играа квадрил

Од:

Деветта по ред „Матурска парада 2015“ се одржа денеска на плоштадот „Пела“. Матурантите од Скопје напладне заедно со своите врсници од повеќе градови од земјава и од Европа, го одиграа танцот „квадрил“ на звуците на штраусовата опера „Лилјакот“.

Танцот квадрил годинава го одиграа матуранти од средните училишта: СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“, СУГС „Никола Карев“, СУГС „Зеф Љуш Марку“, СУГС „Јосип Броз-Тито“, СУГС „Панче Арсовски“, СУГС „Браќа Миладиновци“, СУГС „Георги Димитров“, СУГС „Цветан Димов“, СУГС „Д-р Панче Караѓозов“, СУГС „Васил Антевски-Дрен“, СУГС „Арсени Јовков“, СУГС Марија Кири-Склодовска , СУГС „Здравко Цветковски“, СУГС „Владо Тасевски“, АСУЦ „Боро Петрушевски“, СУГС„Димитар Влахов“, СУГС „Орце Николов“, СУГС „Лазар Танев“, СУГС „Михајло Пупин“, ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ и Петта приватна гимназија.

Организатори на годинешнава Матурска парада беа Дирекцијата за култура и уметност на Скопје во соработка со танцовиот клуб „Ритам плус“, а покровител на манифестацијата е Градот Скопје, односно градоначалникот Коце Трајановски. Поддржувач на оваа традиционална манифестација е Делегацијата на Европската унија во Република Македонија.

4

5

6

2