(ФОТО) Матка постави розов споменик во „Жена парк“ за правата на жените

Од:

Матка – платформата до слободен пристап до легален абортус, денеска во Жена парк во Скопје организираа целодневен настан посветен на правото на жената слободно да донесува одлуки поврзани со нејзиното здравје и живот.

Изложба на фотографии, маратон на документарни филмови, Кондом рели и друштвени игри, настап на Џака Нако, но и на женски рап артисти, промоција на новиот број на весникот „Избор“ во кој се поместени текстови на Синоличка Трпкова, аналаизата за бројот на абортуси во Македонија, спроведена од Реактор и други информации.

10437255_10204069737718941_1051745576_n

Како одговор на фактот што во Жена парк со проектот Скопје 2014, беа тргнати сите спомен обележја на жени, Матка денеска иницираше и поставување на скулптура.

Се работи за женска глава во розова боја на која е испишан цитат од големата поетеса и активискта Маја Ангелоу, дело на ликовниот уметник Ѓорѓе Јовановиќ. Споменикот на жената беше отворено со црвена лента како хумористичен коментар на начинот како тоа често се прави. Споменикот, во паркот стоеше до крајот на манифестацијата.

10423500_10204069749839244_1854096719_n

– Уште од моментот кога почна да се “шушка” дека законот ќе се менува, организациите кои се здружени на платформата “Матка” која го организира денешниов настан гласно реагираа дека законот во подготовка не одговара на реалната состојба со бројот на абортуси во Македонија кој е далеку под европскиот просек, ниту пак е насочен кон унапредување ба здравствените услуги, ниту пак ги зема предвид правата на жените да носат саностојно одлуки за своето здравје и живот. Откако законот сепак се донесе, по застрашувачки брза подтапка, апсолутно нетранспарентно, ние почнавме со активности насочени кон реално запознавање на пошироката јавност со тоа каков закон всушност се донесе и што тој имлицира.Дека тој закон ја усложнува и онака трауматичната постапка, дека ги загрозува човековите права и не е ништо друго освен популистичка алатка. Деншниов настан, една година по донесувањето на законот е само потврда дека за ова прашање не смее да престане да се дискутира и дека напорите за ревизија на содржината на законот мора да продолжат на институционално ниво, вели Криситна Леловац од МАТКА.

Таа вели дека имале поддршка и од уметниците кои учестуваа во оваа акција

За жал, ова е се уште контроверзна тема кај нас. Но, ние можеме да кажеме дека имавме среќа со луѓето на кои им се обративме за учество. Особено не радува што нашата стара шашва идеја за поставување женска склуптура во Жена парк помеѓу сите колонади и мажи во долна облека што никнаа во рамки на СК2014, Ѓорѓе Јовановиќ ја поддржа со задоволство. Се надеваме дека уште една шашава идеја ќе ни се оствари – склуптурава да остане тука, додава Леловац

Според платформата МАТКА, новиот закон за прекин на бременоста ја оневозможува жената слободно да одлучи за своето тело и живот; го нарушува правото на приватност на жената и доверливоста на личните и медицински податоци, не придонесува за осовременување на здравстветниот систем и актуелните методи и принципи на лекување, не соодветствува на определбата на државата своето право да го гради врз основа на концептот за човекови права. Новиот закон за прекин на бременоста нема да придонесе за пораст на наталитетот во државата. Тој нема да го намали бројот на абортуси, само ќе ги направи нелегални и фатални за жените, тврдат оргнаизациите што ја поддржаа оваа иницијатива.

Во платформата МАТКА се здружени голем број организации: Тиит, Реактор, Хера, Коалиција за сексуални и здравствени права на магинализираните заедници, ЛаФем, Бори се женски, Здруженска, Контрапункт и други. Нивната заедничка иницијатива Мое тело – мој избор е поддржана од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

10438824_10204069742999073_1326375041_n

10437255_10204069737718941_1051745576_n

10432333_10204069750719266_492489501_n

10432173_10204069739558987_991419377_n

10425788_10204069741919046_818489458_n

10423500_10204069749839244_1854096719_n

10417255_10204069736958922_1046970734_n

10409800_10204069748039199_2133723003_n

10405873_10204069744279105_1914844200_n

А.Б.