ФОТО: Македонија „доби“ нова банкнота – Груевски од 1,5 милиони евра

Од:

Банкноти кои ги издава веќе ликвидираната „Македонска банка“ со ликот на премиерот Никола Груевски, а во вредност од 1,5 милиони евра, се појавија денеска во центарот на Скопје, а неа ја промовираа активистите на опозициската партија СДСМ.

Банкнотите им се делеа на граѓани кои минуваа покрај штандот на СДСМ на плоштад Македонија. Минувачите добиваа и промотивен материјал од предизборната програма на СДСМ, додека банкнотата во вредност од 1,5 милиони евра, како што рекоа активистите, треба да ги доближи до сознанијата за спорната продажба на акциите од „Македонска банка“.