(ФОТО) Куманово: Се урна столб на мост во с. Пчиња

Од:

[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Врнежите од дожд во текот на ноќта и надојдените води предизвикаа во 13 часот да се урна столб на мостот во с. Пчиња, со што околу 200 жители се отсечени од градот.

Се скрши столб, мостот ќе се сруши. Го известив Центарот за управување со кризи и се уште нема реакција. И градоначалникот дојде виде каква е состојбата. Децата рано се пуштени од школо, бидејќи настава нема. Им било страв на наставниците и на родителите да не се сруши мостот. Сега со приколки и трактори ги пренесуваат луѓето преку река- изјави претседателот на месната заедница, Дејан Трендевски.