ВИДЕО: Комитите се собраа пред Собранието за да му оддадат почит на Никола

Од:

Пред Собранието започна мирен собир за оддавање почит на загинатиот член на навивачката група Комити, 20-годишниот, Никола Саздовски, кој на 29 јуни беше нападнат и брутално претепан од три лица, а вчера им подлегна на повредите.

Собирот беше организиран на социјалните мрежи, а граѓаните се собраа во чест на Никола, без пароли, без извици и без говорници, како што беше најавено.

Помеѓу присутните на собирот може да се забележи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во придружба на други членови од партијата.

Претходно денеска, членови на навивачката група Комити, пред Собранието исто така запалија свеќи за Никола. На групата млади луѓе им се приклучија и неколку случајни минувачи, како и граѓаните што со денови ја блокираат улицата пред Собранието во знак на протест против промената на името. Тие во рацете држеа фотографии од починатото момче.

Кристијан Ландов