ФОТО: Километарска колона на патарината Романовце на автопатот Куманово-Скопје

Од:

Километарски колони автомобили повеќе од еден час чекаат да ја поминат патарината „Романовце“ на автопатот Куманово-Скопје. Гужватае од утринава поради зголемен број на странски и српски туристи кои транзитираат низ Македонија за одмор во Грција.

Возачите патарината не можат да ја платат со метални евра поради што задржувањето е подолго и се создава мешаница на наплатната рампа.

– Истиот проблем го имаше и минатата година. Тогаш надлежните ветуваа дека ќе ја прошират наплатната рампа со уште неколку ленти и дека ќе ја сменат политиката за примање на метални евра, но ништо не направија. Уште на првиот бран паднавме на организираноста и прифаќањето на туристите во државата. Покрај туристите заглавивме и ние кои одиме на работа во Скопје. Јас чекав околу 50 минути да поминам – се жалат патниците.

Колоната автомобили веќе достигна до пумпата на „Лукоил“ и постојано се зголемува.

Извор: kumanovonews.com