Моторџии од Сплит во Хрватска, од Марибор во Словенија, од Лесковец и од Врање во Србија, од Охрид, Битола, Скопје и други градови во Македонија пристигнаа на велешкото езеро Младост.
На езерскиот брег забавата со име Мото бич парти собра на едно место 800 мотористите од повеќе македонски градови, но и од соседството.
Забавата е традиционална а возењето стандардно на јамахи, чопери, хонди и уште неколку познати марки на мотори. И кога веќе сите пристигнаа на паркингот на хотелот Романтик се подготвија за дефилето по локалниот пат до Велес како и низ централата градска улица се до споменикот на Илинденците а потоа назад кон езерскиот брег.
Штом заврши дефилето започна подготовката за забавата. Се посетија штандовите за опрема, се купија маици со знакот на манифестацијата и задолжителниот билет за присуство на забавата. А додека се чекаше на сцената да излезе првиот бенд трио Давид се стартираше во место и се разгледуваа моторите. Се аплаудираше. И се така додека не почна забавата на која главниот збор го имаше Драган Б. Костиќ а потоа и легендарните Леб и сол.