Пожар избувна во холот на Трговскиот центар во Штип. Опожарени се тезгите на кои се продаваше најразлична стока.
Според првичните информации, нема поголема материјална штета, а сопствените на околните дуќани велат дека поради пожарот оштетена е електричната инсталација и климатизерите во нивните објекти.
Во тек е увидот од страна на полицијата, со цел да се утврдат причините за пожарот.
Сопствениците на дуќаните велат дека пожарот избувнал околу 4 часот утринава, по што веднаш е известена Противпожарната единица. Пожарникарите интервенирале со што спречиле ширење на пожарот кон горните катови на Трговскиот центар.
Надлежните информираат дека повеќе детали за пожарот ќе дадат во текот на денот.