Гевгелиските таксисти и авто-превозници, продолжуваат со блокада на граничниот премин „Богородица“, на македонско-грчката граница. Два часа во во прекин ќе бидесообраќајот за влез и излез од земјава на овој граничен премин.
АМСМ информира дека блокадата е поставена во близина на бензиска пумпа„Шимов“, а се очекува да се расчисти околу 12 часот.
Таксисти и автобуски превозници протестираат заради тоа што не им е дозволено да бидат вклучени во превозот на мигрантите според неодамна постигнатиот договор, според кој такси возилата и автобусите би возеле дење, додека возот ноќе.
Тие посочуваат дека железница ги превезува мигрантите по речиси иста цена, а во многу полоши услови.