И подготвено и неподготвено и сигурно и несигурно, главно е да се гради под полна пареа.
Денеска зад Домот на градежниците и Тинекс, во Центар, дрво падна врз автомобил.

На просторот каде се изведуваа градежните работи немаше никакво обезбедување, но за среќа, никој не е повреден.

Градежната фирма го прекршила законот, бидејќи просторот каде што ги изведува градежните работи не е ограден и е потенцијална опасност и за минувачите и за автомобилите.

Полиција изврши увид на местото на настанот.


