ФОТО: Големо полициско обезбедување околу Собранието за вечерашниот протест против промена на името

Од:

По вчерашните нереди на протестите против промена на името пред Собранието на Република Македонија, вечерва е забележливо засилено полициско обезбедување.

Оклопните возила и водените топови на полицијата се паркирани околу Собранието, поради можна ескалација на протестите.

Поради нередите пред Собранието синоќа, МВР приведе 26 лица. Повредени беа седум полицајци, а уште 10 лица побарале лекарска помош.

Истрага за синоќешните случувања пред Собранието на РМ покрена и Основното јавно обвинителство Скопје.