(ФОТО) Дигитален речник: Балканец е човек со груби манири

Од:

Ако го отворите Дигиталниот речник на македонскиот јазик и побарате дефиниција за поимот „Балканец“, ќе најдете само една одредница дека „балканец“ е именка од машки род и значи човек со груби манири.

Поимот, според речникот се користи во преносно значање, нема женски род и е сличен со поимот „грубијан“.

Во импресумот стои дека речникот е ставен на располагање од страна на САМ97-МАК ДООЕЛ, а користењето на речникот е на одговорност на корисникот.

Понатаму во импресумот на овој Дигитален речник стои: „При составувањето на речникот е користена следната литература: „Речник на македонскиот јазик“ од Блаже Конески, Том 1-3, Детска радост, 1994 „Толковен речник на македонскиот јазик“, Том 1-4, издаден од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 2003-2009 „Граматика на македонскиот јазик“ од Блаже Конески, Детска радост, 1999 „Правописен речник на македонскиот литературен јазик“ од Кирил Конески, Просветно дело, 1999“.