Бесен бик направил вистински хаос на бензинска пумпа на автопатот Куманово-Скопје.
Фотографиите од инцидентот беа објавени на Фејсбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“.
– Прво го сретнав на автопат како неколкумина трчаа по него. Застанав да полнам гориво и кога бев на каса бикот стигна до пумпата. Прво се обидуваше преку стаклото да влезе во ресторанскиот дел, кога дојде кај вратата му се отвори и влезе и ги бутна елките. Бидејки беа лизгави плочките тешко се движеше и покрај фрижидерот за пијалоци влезе во просторот кај тоалетите, раскажува еден очевидец на Фејсбук групата Ѕид на Сообраќајниот срам.