Форумот на слободоумни патриоти како платформа за воведување демократија во ВМРО-ДПМНЕ повикува на стопирање на непринципиелните и нелегални потези на отстранување на членови од партијата и бара да се формира тело кое ќе ги спореведе изборите за новото раководство.
Форумот исткакнува дека постои загриженост за падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ во градските средини, но и тенденцијата на пад на рејтингот во руралните средини. Вчера, со хотелот „Континентал“ Форумот на слободоумни патриоти одржа собир на регионалните и општинските координатори.
На оваа проширената консултативна координација, на која присуствуваа повеќе од 70 поддржувачи на Форумот се донесени повеќе заклучоци и ставови за натамошното дејствување на Форумот и на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои:
1. Форумот е платформа за воведување повеќе демократија во ВМРО-ДПМНЕ, но во истовреме и демократска платформа на ниво на земјата која нуди конструктивни решенија за излез од политичката криза во земјата со цел ВМРО-ДПМНЕ да излезе консолидиран од кризата и повторно да победи на наредните парламентрани избори. На Форумот, како на отворена демократска платформа, можат да му се приклучат сите членови и структури во ВМРО-ДПМНЕ, субјекти, но и симпатизери и други граѓани кои имаат идентични или слични демократски ставови и решенија за излез од кризата.
2. Во однос на претстојниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ заклучено е тој, пред се, треба добро да биде подготвен односно дека треба да се остави доволно време за негова организација. Со оглед дека мандатот на раководството на партијата е поминат, телото за подготовка и реализација на Конгресот треба да игра клучна улога во како во подготовката на Конгресот, така и при при разгледувањето на пристигнатите конгресни иницијативи. Непринципиелните активности кои ќе водат кон отстранување од членство и на можноста за конструктивна дебата не можат никако поинако да се оценат освен како недостаток на легитимитет, што нужно води кон одземање и на легалитетот на субјектите кои тоа ќе го направат. Форумот ќе покрене соодветни легални постапки како пред надлежните органи на партијата, така и пред надлежните домашни и странски судски институции за повреда на правото на здружување. Основачите на ВМРО-ДПМНЕ во својот основачки документи, програма и статут, ја имаа изразено својата основачка волја и се имаат определено за демократија, владеење на правото, откривање на криминалот и интеграција на Република Македонија во евроатланските структури. Неразумното постапување, непочитувањето на законот и исклучувањето на членовите, како и затскривањето зад колективна одговорност, предупредуваме дека целосно оди на рака и на заговорниците еден ден името ВМРО да се тргне како префикс во именувањето на партијата.
3. Форумот на слободоумни патриоти изразува загриженост поради сериозните индиции за пад на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ во градските средини, но во последно време и во руралните средини. Слабиот одзив на трибините е дополнителен показател за тоа. Партијата треба да преземе проактивни мерки за санирање на рејтингот и во истовреме преку професионално изработени анкети реално и континуирано да ја следи состојбата.
Координативно тело на форумот на слободоумни патриоти