„Форумот за Демократска Македонија, заедница на иселеници од Македонија, потсетува дека граѓаните по потекло од Македонија членуваат во повеќе организации во дијаспората. Секоја од овие организации може да настапува само во името на своите членови, но не и да го монополизира ставот на целата дијаспора. Повод за оваа реакција се медиумските настапи на една од организациите, наречена Обединета Македонска Дијаспора (ОМД), која што сака да остави впечаток во јавноста дека зборува во името на целата дијаспора од Република Македонија.
Една од главните причини за формирањето на Форумот беше токму монополизирањето на гласот на иселениците од организации базирани на етноцентрична и националистичка агенда, како што е ОМД. Форумот за Демократска Македонија, за разлика од нив, претставува заедница на граѓански ориентираната дијаспора, која е мултиетничка, мултикултурна и инклузивна, каква што е и Република Македонија.
Форумот ѕа демократска Македонија се залага за демократска, европска и просперитетна Република Македонија, целосно вклучена во евроатлантските структури и организации. Најостро се спротивставуваме на сите манипулации и генерализации во јавноста дека било која организација на дијаспората зборува во името и го претставува ставот на сите иселеници“ се вели во соопштението на Форумот за демократска Македонија.
