Фрумот за слободоумни патриоти со соопштение повикаа да не се наседнува на, како што рекоа, спиновите на владата за организирање на прослава, која според нив во овој момент е невидена глупост.
„Очекувавме Владата на Република Македонија да излезе и да им се извини на граѓаните заради тоа што во една година ништо не направи за нив, како на економски план, така и за стабилизирање на државата, а особено за неуспехот во спроведување на препораките на извештајот на Прибе. Една ваква фарса неможе да го прикрие фактот дека оваа година во првиот квартал имаме најнизот раст на БДП, немаме реформи во образованието и здравството, судскиот систем остана заробен само во функција на друга врхушка, ни се случуваат убиства и тепачки на секој чекор, вооружени припадници на МВР вршат селективни претреси во угостителски објекти, итн. Списокот на неуспеси и глупости на оваа Влада е толку голем што ниеден ваков ефтин спин не може да го покрие тоталното фијаско“ се вели во соопштението на Форумот за слободумни патриоти.
Според нив дрскост е организирање на ваква прослава во ист ден кога Ципрас преку Твитер објавил дека со договорот не се признава македонски народ.
„Во пошироката изјава Ципрас ги толкува точките од договорот кои, според него, значат нивна голема дипломатска победа и исполнување на црвените линии поставени од надворешната политика на Грција со што уште еднаш кажува дека Заев, Димитров, Шекеринска и останатите дрско го лажат народот! Очекуваме оставка и кривична одгооворност за Заев и неговите пајташи, а не варси и прослави“ велат од Форумот на слободоумни патриоти.
