Фондацијата Аполонија го прослави своето десетгодишно јубилејно постоење. На свечената церемонија беа присутни голем број на пријатели, соработници, уметници и членови од дипломатскиот кор, а истата беше збогатена со пригодна културно-уметничка програма.
Големата тераса на хотел Аполонија беше збогатена и со уметничките дела изработени од уметниците кои беа дел од десетгодишното патување на креативноста, социјалната посветеност, општествената одговорност и залагање за еднаквост, со што свечено беше затворена 16-та по ред Меѓународна ликовна колонија.

Во последните десет години, фондацијата Аполонија која е основана во 2007 година, оствари многу програми и проекти наменети за деца, граѓани и институции на кои им беше потребна помош.
Во делот на образованието Фондацијата Аполонија соработува со основните училишта во Гевгелија и пошироко, Средното општинско училиште “Јосиф Јосифовски”, Факултетот за туризам и бизнис логистика, градинките, музичкото училиште и градската библиотека “Гоце Делчев”. Оваа соработка вклучува инвестиции, спонзорирање настани и развој на практични тренинг програми за обука.

Заштитата на човековата околина е постојано во фокусот на активностите на Фондацијата Аполонија. Секој викенд 50 дечиња имаат можност да одат во природа каде ги откриваат нејзините тајни, учејќи да ја сакаат и чуваат. Качување на врвот на планината Кожуф, садење цвеќиња и дрва, тестирање на водата во реката Вардар, собирање на отпадоци, учење за рециклирање и посета на локални фабрики и фарми, се само дел од активностите во кои учествуваат децата. Од 2017 е воведен научен пристап и истражување во лабораторија. Годишно се организираат преку 100 “Ден со природата” – проекти, а од 2008 до 2017 имаат учествувано повеќе од 500 деца.
Таа финансираше опремување и реновирање на Медицинскиот Центар во Гевгелија, а беа организирани и 13 акции за доброволно крводарување, а е дел и од спонзорствата на спортските клубови, здруженија и настани, организатори на хуманитарни акции и добротворни базари.

Фондацијата Аполонија заедно со своите партнери и средствата добиени од ЕУ, Католичките добротворни организации Каритас и Реновабис, отвори нови хоризонти во помагањето на Децата со посебни потреби. Во 2017 во соработка со здружението на родители и католичката црква, се отвори модерниот центар ‘Мајка Тереза” кој нуди многу услуги и третмани за Децата со посебни потреби.
Во текот на изминатите години спонзирирани се преку 400 концерти на класична музика, над 200 ликовни изложби, поддржувајќи ги локалните фолклорни групи, а веќе 20 години се официјален спонзор на Џез фестивалот во Скопје. Домаќини се на Ликовната колонија “Аполонија” каде во изминатите 16 год се создадени 300 уметнички дела од 92 уметника. Домаќини се и на биеналната уметничка колонија Остен. На полето на литературата спонзорираат издавање книги, промоции на книжевни дела и одржување поетски вечери. Фондацијата воедно има обезбедено и на грант од 10.000 евра на Симон Трпчески за купување на големо пијано.