Управата за јавни приходи од Битола, заедно со локалната самоуправа и Регионалната стопанска комора, организираа средба со претставници од бизнис секторот, спортските клубови во регионот, која се одржа во салата на Советот на Општина Битола.
Целта на оваа средба е да се иницира зголемено активирање на приватните компании во регионот, дел од добивката да ја наменат за финансирање на спортските клубови и генерално за развој на спортот, при што и тие ќе добијат одредени законски ослободувања.
На средбата, членовите на Регионалната стопанска комора се запознаа со поволностите кои што ќе ги добијат ако финансираат во спортот. Спортските клубови, се информираа за можностите кои што ги нуди државата во насока на развој на оваа дејност.