Министерот за здравство Венко Филипче обвинувањата за тендерската постапка ги нарече шпекулации и невистини, и кажа дека централната набавка на реагенсите е во согласност со модерните европските трендови.
-До крајниот рок пристигна само една понуда, постапката е во фаза на евалуација и не е стигнато до електронска набавка. Со оглед дека станува збор за тригодишна јавна набавка за тестови и реагенси, и проценентата вредност е висока но заштедата за буџетот е голема. Доколку не постигнеме заштеда, тендерот ќе биде поништен. Целиот процес беше транспарентен и отворен за јавноста. Министерството за здравство не склучила договор и фирмата која се спомнува не го добила договорот, рече Филипче.
Доколку се утврди дека документацијата не е во ред, истиот ќе се поништи. Главната намера на оваа постапка е да се направат заштеди а граѓаните да имаат придобива, рече тој.
Во однос на фирмата која е формирана во април оваа година, Филипче кажа дека не ја знае.
-Детали во однос на фирмата не знам, концептот на централна набавка е да се стави се на куп, ние сумата сме ја собрале од сите јавни здравствени установи и таа изнесува 12 милиони евра годишно, сметајќи дека е тоа премногу се одлучивме за тригодишна набавка. Ние мора да ги побараме сите анализи кои се потребни во тендерот, ние бараме и транспорт на крв зошто сметаме дека е огромна заштеда во однос на трошоците, рече тој.
Тендерската документација според Филипче била составена е врз основа на тоа што им треба на нашите граѓани.
Рокот за евалуација завршуваа оваа недела. Воопшто не е правен спецификација за да се поклопи со детали на компанијата, тоа сега прв пат читам за компанијата, јас не ја знам воопшто, повтори Филипче .
Тој посочи и дека има четири приговори, а во однос на барањата да поднесе оставка кажа не е проблем доколку некој мисли дека сето ова што го прави за подобрување на здравствениот систем е причина за такво нешто.
-Имаше обвинувања од многу партии, од ВМРО-ДПМНЕ и од Алијансата за Албанците, не знам со кој образ излегоа да зборуваат за здравството кое го газеа со години, зборуваат од зграда која вреди колку два клинички центри. Тендерот не е доделен на една фирма понудувач, доколку не постигнеме заштеда, ние ќе се откажеме. Дванаесет милиони евра троши оваа држава за реагенси годишно, тоа е премногу и мислам дека на овој начин можеме да заштедиме 20 проценти од трошоците, рече Филипче.
