Еврокомесарот за проширување Штефан Филе, известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит и поранешниот претседател на ЕП Јиржи Бузек, по средбата во Владата со премирот Никола Груевски, попладнево во ЕУ Инфо центарот имаа одвоени разговари со лидерите на СДСМ Бранко Црвенковски и на ДУИ Али Ахмети.
Закажаната прес-конференциоја на Филе во 13:30 часот е одложена за подоцна во текот на денов. Еврокомесарот по средбите со Црвенковски и со Ахмети се упати на состанок со претседателот Ѓорге Иванов без да даде изјава за медимуите.
Изјава не даде ниту Ахмети. Црвенковски, пак, на заминување кратко рече дека разговорите траат, без да изнесе повеќе детали.
Филе претпладнето најпрвин се сретна со премиерот Груевски. На средбата, како што соопшти владината прес-службата, беа реафирмирани посветеноста и заедничките интереси за надминување на предизвиците согласно принципите и јавно искажаните ставови.
– Беше истакната заложбата за реализација на европската интеграција на Република Македонија. Се изрази благодарност и задоволство од ангажманот и поддршката на Европската Комисија за нашата европска агенда, се наведува во соопштението.
На средбата присуствуваа и Ховит и Бузек, директорот на Директоратот запроширување Стефано Санино, министрите за надворешни и за внатрешни работи, Никола Поповски и Гордана Јанкулоска, како и шефот на премиерскиот кабинет Мартин Протоѓер.
Европската тројка повторно дојде во Македонија во обид да се стави крај на политичките несогласувања.
– Комесарот Филе оди ПЈР Македонија во заедничка мисија со членовите на Европскиот парламент Ховит и Бузек, со цел да се сретне со засегнатите страни и да придонесе да се најде начин како да се надмине сегашната политичка криза. Солуција на кризата ќе помогне да се создадат услови за извештајот кој ЕК го подготвува врз база на одлуката на земјите-членки за оваа пролет. Таа ќе креира услови овој извештај да биде позитивен, истакна портпаролот на Филе, Петер Стано, вчера на официјалнито прес-брифинг во зградата на Европската комисија.