Филе: Не е добро да се одолговлекува од кандидатски статус до почеток на преговорите

Од:

„Не е добро ни за земјата-кандидат ни за ЕУ да се одолговлекува времето меѓу давањето кандидатски статус и почетокот на преговорите за членство“, вели еврокомесарот за проширување Штефан Филе во интервју за  чешкото издание на „Еуроактив“, коментирајќи ги европерспективите на Македонија.

„Во однос на „поранешната југословенска Република Македонија“, се подготвуваме за третата рунда од Пристапниот дијалог на високо ниво. Ако продолжи позитивниот тренд на успешно исполнување на поставените задачи, Европската комисија секако ќе препорача овој напредок да се одрази на европскиот пристап кон земјата“, изјави Филе.

Тој е оптимист во врска со европската перспектива на сите земји од Западниот Балкан, а особено за Хрватска и Црна Гора кои, според него, најмногу напредуваа на европскиот пат.

„Намерата на девет земји и покрај актуелната криза да и пристапат на ЕУ е доказ за нивната доверба во ЕУ. ЕУ во моментов има „сериозни проблеми“, но дека никако поради тоа не би смеела да се сврти самата кон себе, да ги запостави соседите и да го запре процесот на проширување“, вели Филе.