(ВИДЕО) Фетаи: Судот во брзање да го одбие притворот, не го дочитал до крај предлогот на СЈО

Од:

По завршување на седницата на Апелациониот суд за жалбата на СЈО за неопределување мерка притвор на обвинетиот Ејуп Алими, пратеник на ДУИ во случајот „Титаник 3“, обвинителката Фатиме Фетаи пред судиите изјави дека Судот во брзањето да го одбие притворот на обвинетиот не го допрочитал докрај предлогот на СЈО. Како што рече обвинителката, во решението судот погрешно навел дека Исмет Гури, а не Ејуп Алими врши влијание врз сведоците.

Обвинителката Фетаи прочита и дел од исказите на двајца сведоци на СЈО кои тврдат дека им било страв за нивната безбедност и за безбедноста на нивните семејства бидејќи Алими е пратеник на владеечката партија ДУИ и оттука има моќ за влијание.

Одбраната на обвинетиот изјави дека обвинението на СЈО е паушално и дека не постојат докази од кои судот би заклучил дека Алими би влијаел врз сведоците.

Виктор Јованов