Експремиерот Никола Груевски, и првообвинет во случајот „Насилство во Центар“ на денешното рочиште доцнеше 15 минути, поради што обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи побара притвор или пак да се донесе со полиција.
– Според член 380 став 3 од ЗКП, треба да биде приведен, ова не е во ред, рече Фетаи.
На денешното рочиште за „Насилство во Центар“ сведочат двајца советници од СДСМ. Обвинети во случајот се и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, и уште девет лица. На претходните судења вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петтообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.
Обвинетите се товарат за поттикнување насилство, кое се случи при протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година.
Виктор Јованов
