Федерацијата на планинарски спортови на Македонија на прес-конференција обвини дека МПЦ-ОА, употребувајќи административно-бирократски манипулации, се обидува да го земе планинарскиот дом Матка во свое владение. Од Федерацијата рекоа дека за тоа кумуваат и државни институции, како што се Агенцијата за Катастар и судската власт.
– Македонската Правослвна Црква бараме во духот на православието, јавно да изјави, по кој основ бараат своја соптвеност врз Планинарскиот дом? Го добиле по пат на наследство, имаат извршено купо–продажба или го добиле на подарок и од кого? Повеќе од 75 години Матка е дом не само на регистрираните планинари и членки на Федерацијата, тоа е дом на сите вистински љубители на природата, планината и спортот. Црквата до сега нема ниту едно камче ставено во објектот, напротив сите планинари и верници се грижеа сиве овие години за околината и самата црква Св. Андреа. Федерацијата заедно со своите над 30.000 членови нема намера до попушти под притисокот на било која институција и било која функција. Како што сме верни на природата, остануваме верни на принципите и на правичноста, во овој случај, – истакна Председателот на ФПСМ, Проф. Др Јовица Угриновски.
– Ако ова ни се случува нам, може и на секој еден граѓанин на нашата Република. Во еден ден да добиете од Катастарот решение дека планинарскиот дом е сопственишто на Федерацијата и на планианрите, а веќе следниот ден, по само 24 часа, истата институција да ја прогаси ПМЦ ОА за сопственик на планианрски дом без основ за истото.. На ова може и Девид Коперфилд да им подзавиди, – реагираат од Федерацијата.
На средбата со новинарите беше презентирана поголемата акција која ја спроведува Федерацијата и нејзините членови за враќање на планинарските домови на планинарите.
