Портпаролката на Европската комисија, Маја Кочијанчич, во врска со вчерашните инциденти за време на протестите во Скопје, повика различните ставови граѓаните да ги искажат на мирен начин.
– Европската Унија е запознаена со различните ставови изразени во однос на договорот за спорот за името, и повикува различните ставови да бидат изразени на мирен начин, рече Коцијанчич.
Во текот на денот Комисијата прецизираше и дека се додека не бидат „комплетирани сите чекори“ од договорот, Европската Унија ќе продолжи на Македонија да и се обраќа со ПЈРМ, како што налага Привремената Спогодба, јави дописничката на МИА во Брисел.
