А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЕСЧП: Повредено правото за слободно изразување на Макрадули со пресудата за клевета на Мијалков

by А1он19/07/2018 - 15:34131
Share0

Денес Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесе три пресуди во однос на четири апликации поднесени против Република Македонија. Две од четирите апликации, беа поднесени од Јани Макрадули, и за нив има донесено една пресуда, во којашто ЕСЧП констатира повреда на правото на слободата на изразување.

Добивај вести на вибер

Ваквата пресуда, во корист Јани Макрадули, е во врска со тужбата на поранешниот директор на Управата за контраразузнавање, Сашо Мијалков, за јавно изречена клевета.

Судот во Стразбур утврди дека осудата на Макрадули, значи прекршување на членот 10 од Европската конвенција за човекови права, односно повреда на неговата слобода на изразување.

Според Судот, коментари во врска со имотот на јавни службеници, и нивна можна вклученост во неадекватни активности се однесуваат на значајни прашања од јавен интерес и истите се во согласност со начелата од членот 10 од конвенцијата.

Дополнително, според судот, интервенцијата на државата во слободата на изразување на апликантот, а со цел заштита на угледот на поединци, во конкретниот случај претставува повреда на стандардите од член 10 од Европската конвенција за човекови права.

ЕСЧП на апликантот му досуди износ од 1500 евра за надомест на нематеријална штета и 1020 евра за трошоци во постапката.

Останатите две пресуди, „Хасани против Република Македонија“ и „Бајрамовски против Република Македонија“, судот ги прогласи за недопуштени поради неисполнување на критериумите од член 35 од конвенцијата.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен