Ердоган Сарач: Сител да го дисциплинира трубачот на власта – Латас

Од:

Од ударниот дневник на ТВ Сител во 19 часот главниот уредник Драган Павловиќ – Латас во разговор со претседателот на СДСМ господин Зоран Заев, цитираме рече: „лажеш како Турчин“, а претходно најави дека Република Турција се спрема да отвори војна спрема Сирија.

По овој повод Извршниот Одбор на Движењето за национално единство на Турците одржа итна седница во седиштето на партијата во Гостивар од каде до јавноста во Македонија го издава следното соопштение:

Често пати а и вчера овој „журналист“ искажува отворена омраза и нетрпеливост према Турците во земјата и надвор од неа. За жал, ова дрскост, непрофесионалност засега поминува неприметливо низ јавноста во Македонија. ДНЕТ, најостро го осудува начинот на обид на вреѓање на Турците со атрибути кои се својствени само нему.

Користејќи го ТВ Сител нанесува голема штета како врз односите меѓу Турците и Македонците во земјата така и фрла сенка врз односите меѓу пријателска земја Турција и Македонија. Познато е дека тој е трубач на власта, па оправдано се сомневаме дека го ужива заштитата на постоечката владејачка гарнитура. ДНЕТ го повикува и власникот на ТВ Сител да го дисциплинира овој уредник. Исто така ДНЕТ неодложно и брзо бара извинување на овој „журналист“ од Турците и сите гледачи на ТВ Сител. Доколку не дојде до итно извинување ДНЕТ ќе ги организира сите можни и со право дозволени средства да оневозможи понатамошното труење на меѓунационалните односи во земјата од страна од овој “журналист„ кој јавно изразува нетрпеливост и непријателство кон Турците. Исто така апелираме до сите Турци во земјата да се воздржат од несакани дејствија. Доколку и ТВ Сител не се извини јавно од Турците во земјата и надвор од неа ќе организираме протести пред седиштето на телевизијата каде покрај Турците ќе ги повикаме и сите граѓани кои не се согласуваат со начинот на известување на овој „журналист“, наведува во соопштението претседателот на ДНЕТ, Ердоган Сарач.