(ВИДЕО) Емини: Не се плашете од албанскиот министер за култура на БЕСА

Од:

Движењето БЕСА, денеска одржа прес-конференција по повод негативните реакции од граѓаните, политичките партии и невладините организации, новиот министер за култура да биде Албанец од редовите на БЕСА.

„Од сите албански партии БЕСА најмногу заслужува да биде дел од Владата. Политичките партии, граѓаните и невладините организации немаат потреба да се плашат од новиот албански министер за култура од редовите на БЕСА“, рече Флорина Емини од движењето БЕСА.

Таа истакна дека министерот за култура кој ќе биде од нивната политичка партија ќе ги слуша сите жалби, идеи и сугестии од граѓаните и политичките партии.

Откако отпадна изборот Зеќирија Ибраими да биде нов министер за култура , како ново име за оваа функција движењето БЕСА пред неколку дена го предложи Асаф Адеми. Останува на Владата и премирот Заев да одлучат дали ќе го прифатат новиот предлог на партијата.

Виктор Јованов