Ванчо Каргов, поранешниотдиректор на Царинската управа на Република Македонија, доби три месеци условна затворска казна.
Казната нема да се активира доколку тој, во наредната година и половина не стори друго кривично дело.
Основниот суд Скопје 1 го осуди Каргов, поради злоупотреба на службената должност.
Додека бил директор на Царинска управа, не го почитувал решението на Комисијата за работни односи, и одбил да го врати на работа Ласте Ивановски, кој добил отказно решение поради кршење на работниот ред и дисциплина.
За многумина беше изненадување, кога во јануари, Каргов беше преместен од позицијата директор на Царинската Управа и беше именуван за претседател на Инспекцискиот совет
Тој, како директор на Царината, важеше за човек од доверба на премиерот Никола Груевски.
„Квалитетот, способноста и знаењата на Ванчо Каргов биле пресудни за тој да биде преместен од позицијата директор на Царинската Управа и да биде именуван за претседател на Инспекцискиот совет“, ова беше официјалното објаснување од Владата за менувањето на Каргов.