ВИДЕО: Економскиот факултет не дозволи снимање на бранењето на докторатот на Груевски

Од:

Економскиот факултет одлучи да не биде дозволено да се снима одбраната на докторатот на Никола Груевски. На медиумските екипи од страна на обезбедувањето им беше кажано дека не смеат да снимаат внатре во салата.

„Макфакс“ и „А1он“ се обратија и до деканатот од каде што секретарот ни кажа дека се обратиле до Дирекцијата за заштита на лични податоци од каде што им рекле дека околу тоа дали ќе биде дозволено снимање треба да одлучи факултетот. Нивниот став е дека ги штитат личните податоци и поради тоа не може да се снима бранењето на докторатот.

Експремиерот на Економскиот факултет во Скопје ќе ја брани докторската дисертација. Темата на докторатот е „Економските ефекти на различните видови меѓународни текови на капитал, со посебен осврт на Република Македонија“. Одбраната е закажана за 12 часот.

Комисијата професори во состав: Методија Несторовски, Михаил Петковски, Владимир Филиповски, Љубе Трпески и Живко Атанасовски дала позитивно мислење за докторатот. Според Билтенот објавен на УКИМ, докторатот содржи 315 страници текст, поделени во 7 поглавја. Ментор на Груевски му е професорот Михаил Петковски.

Кристијан Ландов