Едно лице загина во сообраќајка на патот Охрид-Ресен

Од:

Утрово во 2 часот и 30 минути се случила сообраќајна несреќа на патот Охрид-Ресен кај село Опеница, во која што животот го загуби едно лице.

Во несреќата учествувале патничко моторно возило „Фиат Мареа“ со охридски регистарски ознаки управувано од С.М. (21) од село Оровник и патничко моторно возило „Фиат Пунто“ управувано од Т.К. (63) од село Лескоец.

Во сообраќајната незгода на местото на настанот починал совозачот во возилото „Фиат Пунто“ К.М. (50) од с.Лескоец -Охрид, а со телесни повреди се здобиле возачот Т.К. и уште двајца сопатници од истото возило – М.М.(38) и едно 13 годишно дете.

На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР-Охрид и се работи на целосно расчистување на случајот.