На 26.02.2018 година околу 15.50 часот на патниот правец Битола – Прилеп, патничко возило „Опел вектра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.Р. (38) од Прилеп, излетало од коловозот и се превртело на покривот.
Од здобиените повреди на лице место починал З.Р. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп.
