Единствена Македонија: Заев пак излажа од Берлин за датум за преговори, вистината е дека се троши неговата употребна вредност кај странските газди

Од:

Веќе стана практика марионета Зоран Заев, а отвори уста да излаже. Така беше и по вчерашната средба со Анѓела Меркел по која Заев бомбастично изјави дека Македонија добива датум за преговори со ЕУ во септември, вели Единствена Македонија преку соопштение.

„Но, по неколку часови Заев доби силен шамар од Меркел со објавувањето на официјалното соопштение од германската влада во кое никаде не стои зборот „септември„ како датум за преговори. Во соопштението беше кажана само болната вистина дека Северна Македонија го испорачала очекуваното на кое Берлин гледа позитивно, а кое останува длабоко трауматично за македонската национална свест оти марионетата Заев ја фрли Македонија на колена наспроти референдумската народна воља против бришење на светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Зоран Заев и неговите политики на домашен и меѓународен план, се поразени. Станува јасно дека се троши употребната вредност на марионетата Заев кај неговите странски газди и прашање на време е кога Заев ќе биде фрлен на буништето на историјата.

Цел свет знае дека марионетската власт на Заев е инсталирана од странски центар и не ја отсликува вољата на бирачите и затоа единствено решение се предвремени избори со што Заев добива шанса за некакво достоинствено заминување од политиката преку пораз на изборите.

Се разбира, за предавството на македонските национални и државни интереси, одговорност мора да има.“, се наведува во соопштението на Единствена Македонија.