Едно лице загина, а друго е тешко повредено откако мермерна плоча паднала врз нив. Несреќата се случила синоќа, околу 19.30 часот, во фирмата за преработка на мермер „Лабисчина“ во атарот на прилепското село Ново Лагово.
Од камионот паднала мермерна плоча која ги зафатала работниците Зоран Димески (1974), кој починал на самото место, и Жарко Стефаноски (1961), кој со тешки телесни повреди е пренесен во медицинскиот центар во Прилеп.