Еден починат и еден ранет во пресметка на Бит пазар

Од:

Скопската полиција извести дека вчера дежурните од старата Градска болница ги известиле дека кај нив се згрижени две лица со повреди на телото.

Според првичните информации, од досегашниот тек на истрагата е утврдено дека двајцата задобиле повреди во насилна пресметка која се случила на Бит пазар.

Во инцидентот најтешко минал 21-годишниот Л.А. кој имал убодна рана во срцето. Таа му била нанесена од остар предмет за која се верува дека е нанесена од нож, но вчера околу 20.30 часот им подлегнал на повредите. Од МВР за утре најавуваат повеќе детали за настанот.