Еден пациент во шок соба, повредени 26 патници од автобусот

Од:

Најмалку 26 лица се повредени, од кои двајца потешко вечерва откако автобус со патници излета од коловозот на автопатот Велес-Скопје. Повеќе екипи на Брза помош ги извлекуваа повредените и ги пренесуваа во најблиските болници.

МВР ја корегира претходно дадената информација дека автобусот кој излета на автопатот кај Велес бил со грчки регистарски ознаки. Од МВР посочуваат дека станува збор за македонски автобус и дека сите патници се македонски државјани. Според нивните податоци, 18 повредени се пренесени во скопските болници, а осум во болницата во Велес.

Во Ургентниот центар се примени околу десетина повредени од кои еден пациент се наоѓа во шок соба во потешка општа состојба со повреди на екстремитетите и телото.

На Универзитетската клиника за хируршки болести се примени шест пациенти кои што се во фаза на испитување. Еден е потешко повреден со контузија на градниот кош и на стомакот и е во фаза на испитување на компјутер. Уште една пациенка е со скршеница на левата надлактица.

Во Болницата во Велес се примени осум лица од кои едно дете, но засега не соопштуваат повеќе детали.