Еден од патниците во автобусот им подлегна на повредите

Од:

Миниатерството за здравство соопшти дека еден од патниците кои беа во автобусот им подлегна на повредите. Според министерството, на Универзитетската клиника за хируршки болести Св. Наум Охридски, се примени шест лица од кои само еден повозрасен маж е на интензивна нега но е во стабилна состојба. Сите други пациенти се надвор од животна опасност.

Во Општа болница Велес се примени четири пациенти и сите се надвор од животна опасност. Во клиничкиот центар Мајка Тереза донесени се вкупно 17 пациенти од кои четири на КАРИЛ- еден пациент е внесен со абдоминално крварење, еден со торакална сериозна повреда и двајца со торакални повреди. Еден од повредените им подлегнал на повредите.

Еден пациент на детска хирургија, внесен итно на операција, двајца пациенти на Неврохирургија, примени на обсервација, седум на ортопедија, примена на обсервација,тројца повредени се во моментов на обсервација во Ургентниот хируршки центар.

Во Градската општа болница Осми Септември примен е само еден пациент со сериозни повреди меѓутоа е во стабилна состојба и надвор од животна опасност.

Министерството за здравство упатува сочувство до семејството на починатиот. Во меѓувреме, ги уверуваме семејствата на преживеаните дека секоја секунда ќе бидеме на задача до нивно најбрзо закрепнување, соопштуваат од Министерството за здравство.