Еден круг со пајтонот ќе чини сто денари?

Од:

Во центарот на Скопје во саботата се прошета долго најавуваниот пајтон, проект на градот Скопје.

Него го влечат двата бели коњи од расата липицанери кои беа набавени од одгледувачница од Грција и беа платени околу 18 илјади евра. Тие се стари по седум години и се повеќегодишни балкански прваци во својата раса.

Викендов возењето беше промотивно, а како што пишува весникот Вечер, јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ кое стопанисува со неа денеска ќе ги утврдува цените за користење на пајтонот.

Неофицијално еден од предлозите за цената на возење со кочијата е едно кругче да изнесува 100 денари.

Од претпријатието велат дека денеска ќе се утврдува и од каде до каде ќе вози кочијата за цената што ќе биде определена. Викендов пајтонот кружеше околу атрактивните споменици во Жена-парк, околу Плоштадот Македонија и по улицата “Македонија”.

Пајтонот е проект на градот Скопје, за кој вкупно се дадени 40 илјади евра, а тој ќе може да се користи и за свечени пригоди и ќе може да се изнајмува.