Дводневна конференција за интегрирано образование

Од:

Нансен дијалог центарот-Скопје денеска и утре организира конференција за интегрирано образование со меѓународни експерти од Норвешка и од Северна Ирска.

Ќе учествуваат наставници и професори од основни и средни училишта од Македонија кои се вклучени во проектот „Нансен модел за интегрирано образование“, кои ги посетуваа двегодишните обуки во Тренинг-центарот за интегрирано образование во Скопје.

Целта на конференцијата е да се зајакнат компетенциите на наставниците во областа на интегрираното образование,  користејќи го долгогодишното искуство и знаење на меѓународните експерти.

Тренинг-центарот е основан во партнерство со Министерството за образование и наука и е прв од овој вид во Македонија и во регионот.