Две лица со закана со нож му одзеле мобилен телефон на 15-годишник

Од:

Две лица со употреба на физичка сила и закана со нож синоќа во 19:50 часот во Градскиот парк во Скопје извршиле разбојништво врз 15-годишно момче, при што му го одзеле мобилниот телефон.

МВР информира дека случајот во полиција во 21 часот го пријавил А.В., татко на момчето.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.